Постои верување дека тежината, односно дебелината зависи од тоа дали вечераме во доцните часови или внимаваме да не биде после 20 часот.
Меѓутоа не постојат јасни докази за поврзаноста меѓу времето кога јадете и вишокот килограми.
Но, научниците со сигурност се сложуваат дека постојат две лоши навики кои придонесуваат за покачување на телесната тежина, а тоа се јадење висококалорична храна во доцните часови и прескокнување на појадокот.
Така што нивниот заклучок е: не е толку важно дали последниот оброк ќе ви биде во 18 или 20 часот, туку типот на храната која ја консумирате.

You must be logged in to post a comment Login