Големиот број на преработени, прехрамбени артикли имаат одличен вкус само ако се конзумираат без да се знае какви состојки содржат во себе. Но, факт е дека голем број од секојдневните производи како лебот, соковите и житариците воопшто не се така сигурни како што мислите. Следат девет навистина одвратни работи кои секојдневно ги јадете, а не сте ни свесни.
И додека мислите дека се храните здраво и користите само сигурни производи, големи се шансите секој ден да конзумирате состојки како катран, антифриз па дури и анални излачувања од дабар, објавува Huffington Post.
Анални излачувања од дабар
Во состојките се наведени како: кастрореум.
Најчесто го конзумираме преку: слатки со вкус на ванила.
Иако кастрореумот, течноста што се наоѓа во кесичката сместена во близина на анусот на дабарот, воопшто не звучи вкусно, многу често се користи како замена за аромата од ванила.
Човечка коса
Во состојките е наведена како: Л-цистеин.
Најчесто го конзумираме преку: пецива, колачи и слични производи.
Верувале или не, овој спој што се добива од човечка коса или пак од пердувите на пајките, се користи за подобрување на вкусот. Л-цистеинот се користи мошне вообичаено, па немојте да се чудите ако веќе и денес сте го изеле.
Катран од камен јаглен
Во состојките е наведен како: боја за храна.
Најчесто ja конзумираме преку: речиси секоја вештачки обоена храна.
Кога производителите почнале да прават вештачка боја за храна пред речиси 120 години, во голема мера се потпирале на катранот од камен јаглен (нуспродукт на карбонизираниот јаглен). Иако прехрамбената индустрија воглавно го укина овој производ, неговата алтернатива – нафтата, не е многу подобра.
Иако сертифицираните бои за храна се нарекуваат катран од камен јаглен поради традиционалното потекло, денес боите за храна се синтетизираат претежно од суровините добиени од нафтата.
Антифриз
Во состојките е наведен како: пропилен гликол.
Најчесто го конзумираме преку: прелив за салати.
Пропилен гликолот обично се користи како антифриз, но е помалку токсичен од етилен гликолот (многу сличен производ), а често се наоѓа во преливите за салата каде служи за згуснување.
Тешко запаливи состојки
Во состојките се наведени како: бромирани растителни масла (BVO).
Најчесто ги конзумираме преку: сокови со вкус на цитрон.
Ако нешто што се нарекува „растително масло“ во производство на храна не делува дека е штетно, но активниот елемент бром многу често се користи како противпожарно сретство во мебелот, а може да биде и токсичен. Внесувањето на големи количини може да биде поврзано со намалена невролошка способност и ран почеток на пубертетот.
Биодизел
Во состојките е наведен како: терцијален бутил хидрохинон (TBHQ).
Најчесто гo конзумираме преку: пилешки медалјони.
TBHQ не е само одвратен, туку може да биде и прилично токсичен. Овој синтетички конзерванс се користи готово во сѐ, од гуми за џвакање до лак за нокти или пак, солени бисквити. Овој додаток е толку опасен што може да се разболите дури и од еден грам.
Песок
Во состојките е наведен како: силициум диоксид.
Најчесто го конзумираме преку: сол, чорби…
Силициум диоксидот се додава во храната како средство против згрутчување, но и за контрола на влагата. Ако вашата чорба е малку згрутчена или има ситни зрнца, сега знаете зошто.
Гориво за авион
Во состојките е наведено како: бутил хидрокси толуен (BHT).
Најчесто го конзумираме преку: житарици.
На сите ни е добро познато дека антиоксдансите се добри за организмот, но некои се подобри, а некои полоши. Токму овој антиоксиданс спаѓа во групата на „лошите“. Тој помага во одржувањето на свежината на храната, а станува збор за истиот спој кој се наоѓа и во нафтените производи.
Боракс
Во состојките е наведен како: Е285.
Најчесто го конзумираме преку: кавијар.
Бораксот е познат како ефикасно средство за чистење, но исто така се користи и како прехрамбен конзерванс во кавијарот. Иако неговата продажба е забранета со закон во САД, во другите земји се продава без никаков проблем.

You must be logged in to post a comment Login