Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Четка за заби и (не)хигиена: Чувајте ја на два метри од wc школката

Пластичните кутии се чување четки за заби се легло на бактерии и треба да ги избегнувате.

На стоматолошката четка за заби живеат повеќе од 10 милијарди микроби, а таа може да биде совршено место размножување на бактерии, веруси, габични инфекции, предупредува стоматологот д-р Гери Куратола. Овие бактерии можат да предизвикаат појава на кариес и заболувања на непцата, но и инфекција стрептококи и ешерихија коли.

Куратола наведува пет хигиенски грешки кои луѓето најчесто ги прават со своите четки:

1.Четката е премногу блиску до WC школката

Повеќето луѓе ги држат четките во бањата, но многу е важно тие да бидат во затворени плакарчиња. Ако се на отворено, не треба да бидат во радиус од 1,8м од wc школката. Студиите покажуваат дека различни остатоци од бактерии, како и фекалии можат да стигнат до површината на таа оддалеченост од wc школката, па не е добро да ја држите четкичката на мијалникот ако тој е во близина на школката.

2. Стои во пластична кутија

Ова е една од најопсните методи на складирање на четката за заби. Пластичната кутија за ‘заштита’ на четкичката станува кутија за одгледување на бактерии и вируси. најдобро би било да ја оставите четката во држач или чаша, а главта од четката да ја покриете со посебно дизајнирана ткаенина која делува како штит, а истовремено пропушта воздух.

3. Ја дезинфицирајте во микробранова печка

Познатото верување дека микробрановата печка може да ја стерилизира вашата четка за заби не е научно заснована. Всушност, експертите предупредуваат дека микробрановата и топлината може да предизвикаат промена во пластиката што резултира со ослободување на опасен бисфенол А. Едноставен и најдобар начин за дезинфекција е миење на четката во млака вода со сапун и промена на четката за заби на секои три месеци. При тоа не заборавајте добро да ја исплакнете четката за заби.

4. Мислевте дека пастата ја мие четката

Пастата за заби помага во одржувањето хигиената на забите, но нема никакво влијание на бактериите на четката. Дури и ако пастата за заби ја рекламираат како антибактериска, во усната шуплина живеат бактерии кои е невозможно да се елиминираат.

5. Користите лоши пасти за заби

Пастите кои содржат натриум лаурил сулфат и триклосан кополимер делуваат како детергенти и ја иритираат слузницата на устата. Покрај тоа, експертите велат дека изложеноста на овие антибактериски состојки може да резултира со зголемена отпорност на бактериите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement