Уличната мода стана вообичаена пракса на црвениот тепих. Најобичната бела памучна маица доби свој момент на слава. Според новите трендови, ќе би биде мило да ја имате во плакарот.
Обична, едноставна, кратка памучна бела маица може да направи чуда, без разлика кој стилна облекување го сакате.
Може да ја носите ставена во тенки пролетни панталони, еднобојни или со цветен дизајн. Хеланки во боја се како измислени со ваква маица. Може да ја комбинирате со шорцеви. Во комбинација со фармерки, белата маица е неминлив адут за да се појавите било каде. Бела маица одговара и на здолниште.
Памучна бела маица може да носите секој ден, за секоја прилика, а тие од вискоза може да се комбинираат за вечерно излегување, под сако, болеро…




















You must be logged in to post a comment Login