Мажите кои вараат прават проблеми на жените: по некое време жените почнуваат да мислат дека сите мажи се исти, иако тоа не е вистина , вистина е дека на оние мажи на кои варањето не им е непознато, многу често имаат некои заеднички карактеристики.
Го чуваат мобилниот далеку од погледот
Мажите кои не кријат ништо, ќе го остават мобилниот на маса и ќе одат до бања. Мажот кој има проблем да го остава телефонот покрај девојката нешто крие. Оние кои вараат често паничат кога нивниот телефон е далеку од нив.
Не се сигурни
Поради изгледот, тежината, нивната работа која никој не им ја цени… Сите овие работи можат на мажите да им направат потреба за варање, бидејки преварата му ја враќа верата дека тој е сеуште добар маж.
Нарцисоидни се
Покрај тие несигурните и нарцисоидните мажи често вараат. И на ним им е потребен доказ дека се доволно добри, а откако ќе добијат од своите девојки, мораат да го побараат и кај други жени, бидејки една потврда не им е доволна.
Не се нежни
Сексуалниот чин е едно, а правилната интимност е друго. Ако вашиот дечко во последно време помалку се мази отколку порано, постои можност дека се мази со некоја друга. Дури и ако имате добар сексуален живот, можно е да вара, бидејки сексот е физички чин, додека нежноста е потешко да се одглуми.

You must be logged in to post a comment Login