Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

ХОРОСКОПОТ ОТКРИВА КАКВИ СМЕ ВО КРЕВЕТ: Девиците прикриени нинфоманки, Биковите романтични!

Ако сакате некој да го привлечете и да го однесете во кревет, а при тоа да го задржите до себе, погледнете што треба да направите за да успеете во тоа

 

Секој хороскопски знак е поинаков и секој од нив сака поинакви нешта во креветот. Ако сакате некој да го привлечете и одвлечете во кревет, а при тоа и да го задржите до себе, погледнете што треба да направите за да успеете во тоа.

 

ОВЕН: Што побрзо тоа подобро

Овој знак од зодијакот познат е по својата директност. Овенот нема да се срами за да ви ги соопшти своите безобразни идеи на својот партнер. Но проблемот со Овенот е тоа што секогаш сакаат веднаш да прејдат на дело. Овенот се ќе направи, но во рок од една минута.

 

БИК: Романтичар

Додека Овенот е целиот во страст, Бикот е спремен да чека и да оди бавно. Очекувајте дека вечерата и пијалокот ќе се одолголечат толку да ќе се изнервирате. Но, кога Бикот ќе одлучи да прејде на главното, спремете се за долга предигра. Ако сте романтични, Бикот е вистинската личност за вас.

 

БЛИЗНАЦИ: Зборливци

Близнакот ќе го употреби целиот свој интелект за да ве соблече. Ако сте тивки и повлечени, можеби ќе ве изненади кога Близнакот ќе поче со своите сочни и заводливи монолози. Ако сакате телефонски секс и безобразни зборови, Близнакот е совршена личност за вас. Но бидете спремни и на зборови кои можеби нема да ви се допаднат.

 

РАК: Водење љубов, а не секс

Раковите се многу емотивни, што значи дека на сексот не гледаат како на физички акт, туку како на акт на љубов и приврзаност. Ако завршите во кревет со Рак, бидете спремни на нежност и многу љубење.

 

ЛАВ: Нарцис

Со страствена и авантуристичка природа Лавот неможе да биде надминат. Лавот секогаш ќе умее да смисли начин на кој ќе ве задоволи. Овој знак е роден да биде доминантен во сексот и има голема самодоверба. Иако сексот ќе ви биде незаборавен, спремете се на тоа дека вашато задоволсво ќе биде на второ место, а неговото на прво.

 

ДЕВИЦА: Прикриена нинфоманка

Срамежливата девица ќе ве изненади со својата спремност за секс и без кондом и без чисти чаршави. Овој резервиран и приземјен знак во суштина е многу страсвен. Кога Девицата еднаш ќе ве запознае и ќе ја добие вашата доверба, чувајте се. Нема да имате ниту момент мир.

 

ВАГА: Познавател

Вагата е уметник кога се работи за секс. Таа бара собршена хармонија со својот партнер, напредување во секој аспект и обрнува внимание на детали како што се интимната облека, маслото за масажа и соодветна музика.

 

ШКОРПИЈА: Распашана

Распашаната Шкорпија е најмногу опседната со секс. Иако нејзиниот магнетизам тешко може да се игнорира, можете да се изгорите, односно да се боцнете од нејзината боцка кога ќе завршите со неа во кревет. Иако најверојатно со неа ќе го имате најдобриот секс во животот, пристапот на Шкорпијата „сака па остава“ во сексот може да ве олади.

 

СТРЕЛЕЦ: Дон Жуан

Мајстор во уметноста на заведување кој ужива во лов. Тој ги негува своите моќи на заведување се додека тој не стане беспомошен и не му се предаде.

 

ЈАРЕЦ: Полека, но сигурно

Јарецот тешко се заљубува. Полека со првиот чекор и сталожено и пристапува на личноста која ја сака. Можеби нема да биде толку вешт, ниту да пука од енергија, но покрај него ќе се осеќате како да ќе сака да ве изеде, секој дел посебно. Бидете трпеливи и ќе бидете наградени.

 

ВОДОЛИЈА: Собирач на играчки

Ако сакате да си играте со играчки да возрасни, најдобро е да најдете некоја Водолија да си играте со неа. Водолијата е секогаш спремна да експериментира и секогаш наоѓа начини да го задоволи својот партнер и себе си. Иако, понекогаш знае и да претера во експериментирањето.

 

РИБИ: Мрзливи да предземат акција

Слично како и Раковите, Рибите ќе ја ценат емотивната поврзаност во текот на сексот повеќе од самиот физички акт. Страста, љубовта, вниманието, трпението – тоа им е најважно. Рибите се мрзливи и сакаат другите да ја завршат и нивниот дел од работата. Позајмете некоја играчка од Водолијата за да сексот го направите поинтересен.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement