Етно стил, кој се одликува со впечатливи дезени, спој на повеќе текстури и принтови, како и нежни материјали, го завладеа Холивуд. Бидејки во Лос Анџелес зимата не доаѓа, овие познати дами цела година се шетаат во лесни хаљини и највеќе баш во, етно стил.
Гвен стефани одлучила да го посети маникирот и за таа прилика облекла долга хаљина во овој стил а цела комбинација ја заокружила со кожен појас и торба.
Австралискиот модел Џесика Харт својата долга памучна хаљина не ја спарила со апостолки, туку со црни мартинки. Накитот додава етно нота, а шеширот е врвот на кој оваа комбинација ја прави многу интересна.
Голди Хон од италијанскиот ресторан со голема насмевка на лицето – можеби затоа што убаво ручала, а можеби е среќна што има толку добар џемпер. На ваква жена, не и е потребен ни накит, ни посебни обувки, бидејки џемперот сам по себе е феноменален.
Дали било некогаш тренд за Ким да не го прати веднаш? Не е, па така во овој случај она носи фустан во етно стил со етно принт. Но морала тоа да го прилагоди за себе па се одлучила за тесна хаљина на која се гледа нејзината женствена фигура. И секако, наместо штикли се одлучила за рамни сандали.
Ники Хилтон се одлучила за краток фустан со интересен прин и заедно со тоа совршено го вклопила накитот. Одлично се снаоѓа што да облече, а Фенди торбата и Реј Бан очилата никогаш не се на одмет.
Уште една госпогица Хилтон, овој пат Парис го обожува етно стилот. Таа облекла летна хаљина која провокативно ги истакнува нејзините гради. Не би било во нејзин стил да нема нешто што свети, па затоа одбрала златни кондури и ташна, и ставила украс од истата боја.
Хајди Клум најчесто ја гледаме во вакви комбинации. Таа сака да се чувствува пријатно и да и е удобно, а во исто време да изгледа добро и модерно.Затоа најчесто се облекува во етно стил, која го изоставила градникот и одличен одбран накит.
Убавата манекенка во друга прилика се одлучила за црно-бел етно фустан со спуштени раменици, коа изгледа така едноставно но ефектно. Секако, искомбинирала со рамни обични сандали и минималистички накит за среден и природен изглед.
Кајли Миног исто ги прати трендовите па против Лондонското сонце се бори со летна хаљина со весели бои и етно принт. Оваа австралиска пејачка има совршено тело, која во ваков модел на хаљина изгледа уште подобро.










You must be logged in to post a comment Login