Не можеме да чекаме уште 100 години, изјавила Анели Нордстрем, која на снимката од 47 секунди се претвора во маж.
Што жената треба да направи за да добие поголема плата? Да стане маж, заклучок е видео-снимката која една швеѓанка го снимила по повод 8-ми март, Денот на жените.
Во видеото, Анели Нордстрем, претседател на еден од водечките шведски синдикати, укажува јазот кој постои помеѓу приходите кои ги добиваат мажите и жените.
“Во текот на професионалата кариера, швеѓанката заработува 250.000 евра помалку од мажот”, вели таа, истакнувајќи дека со сегашното темпо платите на жените ќе се изедначат со платите на мажите дури за 100 години.
Во 47 секунди, Анели се претвора во маж, со порака: “Не можеме да чекаме уште 100 години”.

You must be logged in to post a comment Login