Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Пет правила за купување на чевли

Среќата не може да се купи, тоа е точно …. Но, чевли можете! А тие ќе ви донесат среќа само ако најпрво ги прифатите петте правила за нивно купување.

1. Односот на цената и достапноста

Добри чевли на голем попуст?! Звучи примамливо, но пред да се залетате во ново купување, размислете колку всушност ќе ги носите. Ако единствено ви стојат во плакарот и чекаат за посебен момент што дури може да не се случи (или ќе се случи кога моделот е веќе надвор од мода !), тогаш ништо не добивате со тој попуст!

2. Удобност не доаѓа со текот на времето

Не се залажувајте од стариот трговски трик ” тоа е кожа, ќе се разгази”. Ако треба да поминат денови и денови во болка за новите чевли навистина да ви донесат вистинска радост, нешто не е во ред со ова купување. Фразата “убаво ви стојат ” мора да биде навистина корисна, а тоа значи и дека “целосно одговара на вашите стапала. “

3. Влошките се исплатливи

Ако сакате да ја сочувате внатрешноста на чевлите, набавете соодветни влошки. Покрај тоа што се многу практични, вистинските влошки ги прават чевли поудобни , бидејќи чевлите се заштитени од апсорпцијата на влага. Без разлика дали е спортска, силиконска, термо или кожна влошка, оваа мала инвестиција ќе се исплати на долг рок.

4. Пониски потпетици

Колку пати сте купиле совршени чевли со потпетици, за посебни прилики  и кога конечно ги облековте, не можевте да дочекате да ги соблечете и да облечете нешто поудобно? Високите потпетици за многу жени се голем проблем. Дали сакате да ја задржите елеганцијата и притоа да уживате во свечените прилики, тогаш одлучете се за висината од 3-6 см. Тие се поудобни за одење и ногата ја прават елегантена и издолжена.

5. Кожата заштедува пари

Иако кожните чевли се поскапи од тие направени од вештачки материјал, во нив е исплатливо да се инвестира, особено кога станува збор за чевли кои се носат секојдневно. Не само што кожните чевли подолго ќе трајат! Уште поважно е, што подолго ќе изгледаат како нови, а притоа ќе се прилагодат на вашето стапалото и ќе му дозволат да дише.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement