Пиењето на чаша или две вино секој дневно, не само што внесува многу забава, но и добро е за вашето здравје. Отворете шише вино и уживајте!
Го намалува ризикот од срцева болест
Во истражувањето кое траело 12 години, а учествувале 38.000 мажи на старост од 40 до 75 години, докажано е дека умерена конзумација на алкохол, како виното, го намалува ризикот за срцето и до 35%.
Го намалува ризикот од мозочен удар
Друго долгорочно истражување спроведено над 85.000 учессници, на возраст од 35-59 години, покажало дека конзумирање на 18мл. вино, неколку пати неделно, може да го намали ризикот од мозочен удар за дури 70%.
Го намалува ризикот од развивање на дијабетис тип 2
Во истражувањето кое траело 10 години, а вклучувало 35.000 здрави возрасни личности, покажало дека луѓето кои уживаат во умерена кознумација на алкохол (1 чаша за жените, а 2 чаши за мажите дневно) имаат 40% помал ризик од развој на дијабетис тип 2 од оние кои се воздржуваат од алкохол целосно.
Ги одржува когнитивните способности
Универзитетот во Колумбија направил истражување во 2006 година, кое покажало дека луѓето кои пиеле 1-2 чаши вино неделно се во состојба да одржат когнитивна способност за подолг период, од оние кои никогаш не конзумирале алкохол. Од ова истражување, може да се заклучи дека алкохолот може да го намали ризикот од деменција и мозочно одумирање, тврдат научниците.
Го продолжува животот
Истражувањето спроведено во 2009 година во Холандија, покажало дека умерено конзумирање на вино ( или алкохол воопшто) силно е поврзано со намален ризик од смрт поради срцев удар. Во просек, луѓето кои редовно козумираат умерена доза алкохол живеат 5 години подолго од оние кои се воздржуваат од алкохол или пијат премногу.

You must be logged in to post a comment Login