Во медот преовладуваат овошниот и гроздениот шеќер. Тоа се едноставни шеќери, кои многу брзо доспеваат во крвта без да го оптеретуваат организмот. Оваа вкусна и природна храна содржи голем број на заштитни материи, кои делуваат превентивно и терапевтски: протеини, аминокиселини, ензими, органски киселини, минерали, витамини (особено од групата на Б комплекс).
Медот од липа, на пример, спречува потење, медот од хељда ги зацврстува ѕидовите на крвните садови, а багремовиот мед има анти-воспалително дејство.
Сепак, најважни ефекти се зајакнување на имунитетот и антиканцерогено дејство. Консумирајте потемни видови мед бидејќи содржат повеќе антиоксиданси од светлиот мед.


You must be logged in to post a comment Login