Бојата на облеката која ја носиме на големо се одразува на нашето расположение, но има и прилично силно влијание на тоа како ние влијаеме на луѓето околу себе и може да ја подигне самодовербата. Се прашувате која боја на маица или фустан кој го носите во моментов, што открива за вас?
Црвената боја симболизира љубов и романтика, а укажува на страствено однесување на поединецот според неговите индивидуални цели. Особите кои обожуваат да носат црвена боја имаат силно изразени вештини на водач, поседуваат сила и веруваат во брзи одлуки а поседуваат и силна изразена сексуална енергија. Исто така црвената боја се одликува со сила и доминација.
Црната боја се смета како универзална боја на авторитетот. Истражувањата покажуваат како црната боја, ја носат се чувствуваат моќно и перципираат компетитивност. Освен тоа ја нагласува и едноставноста.
Сината боја сигнализира единственост, припадност и сигурност. Оние кои обожуваат да носат сина боја често се мирни и лојални особи. Тие се многу добри партнери и пријатели, а токму оваа боја се смета за најдобра доколку отидете на интервју за работа.
Зелената боја сја истакнува младоликоста и е симбол на великодушност, среќа. Особите кои носат облека зелена боја многу често се имотни. Оваа боја симболизира и плодност.
Виолетова боја на облека укажува на тоа дека особата која ја носи е многу креативен по природа. Психолозите велат дека ако сакате да се инспирирате, облечете облека во виолетова боја. Оваа боја или ја сакате или ја мразите, а оние кои обично се самоуверени поединци не им е битно што другите мислат. Исто, виолетовата боја е кралска боја која означува богатство.
Белата боја означува едноставност и невиност, но исто така особата која носи бело сака да се осеќа сигурна во сите апсекти на животот. Белета боја е многу класична и ја обожаваат претежно класични индивидуалци.
Жолтата боја осигурува истакнување во група. Означува оптимистичка природа, а особите кои ја носат сакаатда се покажат како се различни од другите.
Ако вашиот гардеробер е преполн со неутрална боја, тоа покажува како сакате да се сокриете или пак сакате да побегнете од одредени ситуации во животот. Обично неутрална боја избираат интровертирани особи.

You must be logged in to post a comment Login