Водолија – подзнак Овен
Ова е среќен спој на површен ум и вишок на енергија . За разлика од другите водолии, кои комплицираат и заобиколуваат, водолиите со подзнак овен делуваат брзо и директно и затоа повеќе полагаат практично отколку теоретски. Поагресивни се и поупатени од останатите припадници на овој знак, па неретко запаѓаат во гужви.
Водолија – подзнак Бик
Водолијата со примеси на бик е позатворен претставник од овој знак. Не е многу разговорлив и има необични идеи кои соговорниците –обично поради сопствена вина – тешко ги разбираат. Внимателен е во материјален поглед и повеќе штеди од просечната водолија. Многу му е важна кариерата и успехот ќе му биде доволен за среќа.
Водолија – подзнак Близнаци
Оваа комбинација ги нагласува сите карактеристики на водолиите и близнаците: пријателски расположени, љубопитни и слободен дух. Поради оваа комбинација со близнаци, водолијата има подисперзирани интереси и чудни навики за разлика од останатите припадници на овој знак. Но благодарение на шармот и среќната насмевка тие секогаш ќе имаат повеќе пријатели од непријатели.
Водолија – подзнак Рак
Ова е скриена водолија, која изгледа воздржано и конзервативно како да не знае за друго. Иако е поодговорна од останатите Водолии, тие имаат искран на бунтовност и оригиналност. Нивната голема сензитивност и малодушност се проблемот кој ги води кон неуспех. Потребна им е срдина која ги поддржува и поттикнува.
Водолија – подзнак Лав
Водолијата со оваа комбинавија е многу убедлива, горделива и помалку арогантна. Важно и е што другите мислат за неа, обожава да дава совети и да ги охрабрува луѓето да превземат акција. Теко е да се надминат во дискусија или да се обесхрабрат со закани. Најчувствителна точка и е љубовниот живот бидејќи настаните од овој аспект им се пренесуваат низ сите останати аспекти на животот.
Водолија – подзнак Девица
Ова е една од најинтересните астролошки комбинации. Иако на прв поглед изгледаат ладни и пресметани, овие луќе всушност се жедни за љубов и романса. Карактеристиките на Девицата, како педантност, темелност и упорност најмногу се манифестираат на едукативно ниво. Добро го разликуваат значајното од незначајното во животот и успеваат во истражувачката или детективската дејност.
Водолија – подзнак Вага
Подзнакот во вага ја нагласува потребата за учење и стекнување на нови искуства. Водолијата со овој подзнак не толерира досада и константно бараат возбуда. Ителектуалци се и инвестираат многу напор во образованието. Тие уживаат да патуваат и редовно работат забавна и динамична работа. Морални се и често се наоѓаат себеси во улога на миротворец.
Водолија – подзнак Шкорпија
Тие се тврдоглави, бунтовници и работат се по свое, поради што не им одговара улога на тимски играч. Тие се најдобри во независни и одговорни работи, каде доаѓа до израз нивната храброст и желба да ризикуваат. Авантуристи се, секогаш спремни за акција. Не сакаат да се вклопат во рамката и оставаат впечаток за неприфатени ексцентрици.
Водолија – подзнак Стрелец
Овие водолии се големи реалисти и песимисти во исто време. Особено го ценат знаењето па образованието и информираноста им се најважните работи во животот. Поради напредните ставови и доследност, го освојуваат почитувањето на околината и остваруваат значаен професионален успех. Тие не се плашат да критикуваат, па стекнуваат завиден број на непријатели.
Водолија – подзнак Водолија
Дупла водолија е посебна личност, горда што не е како сите други. Многу се ментални, имаат брз и богат тек на мисли и тешко се опуштаат. Способни се да ги забележат скриените вистини и да предвидуваат далечни трендови, но можат да се сопнат на секојдневни и банални работи. Иако се друштвени и комуникативни, има толку богат внатрешен живот, што сами на себе си се доволни.
Водолија – подзнак Риби
Овие водолии се пред или после своето време, а најмалку во сегашноста. Осовено се имагинативни и полни со оригинални идеи, само што тешко е да се применат во реалност. Тие се интересираат за многу теми, но не специјализираат за ништо. Добро е да ги имате покрај себе бидејќи имаат развиена емпатија и многу радо им помагаат на луѓето и животните во неволји.

You must be logged in to post a comment Login