“Уживајте во секој ден како да е пролет”…
Ова се зборовите кои доаѓаат Yamamay и најдобро ја опишуваат новата колекција за пролет 2014. Доколку уживате во сензуална и отмена долна облека, не се сомневаме дека ќе пронајдете нешто за себе во новата колекција на овој познат италијански бренд на долна облека.
Кампањата за оваа колекција е снимена во величенствениот хотел Villa La Vedetta во Фиренца, каде во модерната верзија на рајска градина одлично вклопила Марица Пелегринели, познат Yamamay модел. Марица ја долови женственоста и софистичниот дух на новата пролетна линија и презентирала многубројни стилови на градници, гаќички, боди во секогаш бараните темни нијанси, но и во светли бои.
Кога станува збор за ‘homewear’ линија, улогата на заштитно лице ја превземала шпанската актерка и модел Барбара Родилес. Барбара за кампањата носи класични фустани со неизбежна нота на гламур и секојдневна ткаенина како кардиган. Колекцијата Yamamay за пролет / лето 2014, содржи по нешто за сите возрасти и вкусови.









You must be logged in to post a comment Login