Научниците од Универзитетот во Илиноис со помош на колеги од Вашингтон создадоа неверојатен уред кој во иднина би можел да спаси милиони животи.
Тоа е револуционерна електронска мембрана или ” ракавица “, како што некои ја нарекуваат, а новото откритие би можело да ги испрати сегашните пејсмејкери во историјата.
Поточно, оваа мембрана се навлекува на срцето на пациентот, а мрежата од сензори и електроди континуирано ја следи работата на срцето и дава мали електрични шокови за одржувањето на здравата активност на најважниот орган во телото .
Со користењето на 3Д принтери создаден е прототип кој беше тестиран на срце од зајак, а органот продолжи да работи совршено и откако беше отстранет од телото на животното.
” Веднаш штом открие потенцијално фатални настани како што се аритмии, или срцев удар, активира соодветна терапија”, рече инженерот Игор Ефтимов од Универзитетот во Вашингтон , кој учествуваше во процесот на дизајнирање на уредот.
Слични уреди постојат на пазарот од почетокот на осумдесеттите години, но до овој момент не беше можно совршено да се прилагодат на срцето на пациентот, а благодарение на новата технологија , сега е многу полесно и поедноставно.
Џон Роџерс, научник од Универзитетот во Илиноис ја спореди ” ракавицата ” со природната мембрана на срцето, објаснувајќи дека вештачкиот перикард е нешто што во иднина може да стане многу повеќе од алатка која е во истражување, и да спаси милиони животи.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Mgqsd_GNivs

You must be logged in to post a comment Login