Направивте контрола на видот и се упатува на фактот дека треба да носите очила. Одбравте вистинско стакло и диоптер што одговара на вашите потреби, но неодлучни сте кога станува збор за рамката. Ви нудиме неколку совети како полесно да ја одберете рамката за очила.
- Започните со рамки кои одговараат на обликот на вашето лице. Постојат различни облици на лице, а според тоа и различни рамки за очила. Најважно е да пробате што повеќе рамки, така најдобро ќе дознаете што најдобро ви прилега.
- Исто така, многу е важна и бојата на рамките. Моменталниот тренд е едно, а бојата на важиот тен е сосема друго. Одберете рамки кои не се премногу доминантни. Веселите бои некогаш може да го освежат лицето. Ако добро ви прилегаат, не се плашите да одберете зелени, плави или црвени.
- Важна е и големината на рамката. Колку и да ви се допаѓа некоја рамка, ако не ви одговара на обликот на лицето, немојте да ја купувате. Очилата се вашите втори очи, па исто така треба да одговараат на вашето лице.
Ова се неколку општи совети кои се важни кога бирате рамка за очила со диоптер, а истото важи и за очилата за заштита од сонце. На крај, најважно е да го одберете вистинскиот опричар, кој заедно со вас ќе ја одбере најдобрата рамка.



You must be logged in to post a comment Login