Можеби овој метод ќе ви помогне да се ослободите од упорните вишок килограми. Прочитајте за што станува збор…
Најновото истражување кое е објавено во магазинот Апетит кажува дека колку е храната подалеку од нас помалку ја посакуваме. За да ја потврдат оваа теза, истражувачите спровеле еден експеримент.
Собрале 56 учесници во една соба и ги поделиле на две групи.
На една група храната им била на дофат на рака поточно било поставено јаболко пред секој од нив, а за другата група имало пуканки ама поставени на седум чекори оддалеченост.
Добиениот резултат гласел вака׃ иако можеби пуканките се повкусни, учесниците радо би ја избрале храната пред нив или би останале гладни затоа што не сакале да се помрднуваат од местото и стигнат до пуканките.
Ова истражување потврдува уште еден факт а тоа е дека луѓето се мрзливи. Сигурно висе случило да ви се јаде брзо храна ама да не сакате да се помрднете од удобната фотелја. Токму ова искористете го па наместо да одите до најблискиот ресторан за брза храна, изедете некое јаболко кое веќе го имате во кујната. На тој начин ќе внесете повеќе витамини, а многу помалку калории.

You must be logged in to post a comment Login