Научниците од Concordia во Монтреал вршеле испитувања на тоа како менструаланиот циклус влијае на однесувањето на жените при конзумирање, нивната желба за купување и употреба на одредени производи, самата употреба на одредени продукти, дали во одреден момент парите ќе ги потрошат повеќе на храна или на прозиводи за убавина и нега.
За потребите на истражувањето научниците побарале од 59 жени во тек на 35 дена да водат детален дневник за своите ритуали околу нега и убавина, избор на гардероба, храна и се што купуваат во тој период. Резултатие покажале дека во период од 15ти до 28миот ден жените повеќе внимание, време и пари посветуваат на нега и убавина, а во “тие” денови она за што најбрзо и најлесно трошат пари се – алишта.

You must be logged in to post a comment Login