Внимателниот набљудувач на обувките открива цела палета на особини, карактерни особини, навики…
Високи потпетици
Доколку во вашиот ормар постојат само чевли со потпетици, без разлика на нивната висина, стручњаците би ве опишале како самоуверена жена, свесна за својата сексуалност, женственост и моќ. Не се плашите да го кажете тоа што го мислите, независни сте, горделиви и верувате во сопствените квалитети.
Потпетици украсени со цирнкони и сјајни детали ги сакаат жени кои имаат разигран дух, кои сакаат забава и журки.
Дамите кои одбираат салонки се многу умерени, не сакаат експерименти и неизвесност. Озбилни се, понекогаш и строги.
Рамни чевли
Дамите кои бираат чевли без потпетица, удобни и функционални, такви се и по карактер. Знаат многу за филмови и музика, љубопитни се и жедни за нови знаења.
Тие се духовити, прилагодливи, но често и саркастични и цинични.
Дамите кои сакаат балетанки, всушност се девојки „заробени“ во тело на жена. Весели се, мили, често се сонувачи, не сакаат сериозност и униформност.
Спортски чевли
Жените кои носат спортски чевли велат дека тешко се согласуваат на компромиси. Лежерни се и опуштени, но никогаш не робуваат на трендовите. Не ги интересира што некој ќе мисли за нив, важно им е да го живеат животот како што сакаат.
Најголема среќа за нив е стагнација на било кое поле, сакаат да имаат убаво тело, но ретко го истакнуваат со облеката.




You must be logged in to post a comment Login