Познатиот американски доктор направил напивка која ефикасно се бори со вишокот килограми.
Доктор Оз на кој му верува цела Америка, но и многу гледачи на неговата емисија ширум светот, безброј пати ја фали моќта и благодетите на зелениот чај, особено за чистење на организмот и одржување на виталноста. Затоа не е ни чудо што токму зелениот чај е база на магичната напивка за слабеење која ја направил овој популарен доктор. Портокал и нане во зелениот чај е рецепт за пијалок кој го забрзува метаболизмот и го прочистува организмот, па е идеален за оние кои имаат намера да се откажат од вишокот килограми.
Како што веќе споменавме, доктор Оз често истакнува дека само една чаша зелен чај е доволна за чуда – го забрзува метаболизмот за 12%, го регулира шеќерот во крвта, го намалува ризикот од срцев удар и различни облици на тумор, го подига имунитетот, но и расположението. Ако не ви се допаѓа вкусот на зелениот чај, вкусните додатоци како споменатиот портокал и нане, ќе ви помогнат да го засакате овој здрав пијалок.
Состојки:
- 1л вода
- 5 кесички зелен чај
- 1 портокал
- шака свежо нане
Подготовка:
Во еден литар топла вода додадете пет кесички зелен чај. Оставете ги така 3 минути, па почекајте да се излади. Еден портокал исечете на парчиња. За напитокот користете непрскан портокал за да можете да ја сечете неизлупена или во спротивно излупете ја, но обавезно оставете го белиот дел од кората. Во голема тегла или бокал со капаче истурете го зелениот чај, па додадете ги парчињата портокал и малку свежо нане. Затворете ја теглата и оставете ја во текот на ноќта за состојките добро да се соединат. Половина литар по лице е доволна количина за еден човек во текот на денот.
Д-р Оз препорачува една чаша од овој напиток пред секое јадење и ветува добиена битка со килограмите.


You must be logged in to post a comment Login