Кога се размислува за домашно галениче, поголем дел од луѓето се одлучуваат или за куче или за маче.
Но, не и вие, нели? Вие не се плашите да бидете различни од другите. Тогаш, зошто не си набавите птица?
Покрај тоа што не прават голем неред, тие се одлична забава. Љубителите на мачки и кучиња мислат дека птиците се невидено валкани животни и дека никој не ужива да ги има по дома. Всушност, птиците се идеални галеничиња, за оние кои не сакаат мачки и кучиња дома. За разлика од мачките и кучињата, птиците се финансиски поисплатливи, односно дневната количина на вода и храна за нив е навистина незначителна.
Она што треба да го имате на памет, кога станува збор за храната за птици е да не им давате авокадо, кромид, чоколадо или печурки, затоа што овие намирници се токсични за нив. “Најголемиот” трошок кој ќе го имате е за набавка на кафез. Сепак, одржување на чистотата на кафезот за некого е проблем. Но и за тој проблем има решение…едноставно ставете хартија на дното од кафезот.
Неверојатно интелигентни и забавни: Знаевте ли дека птиците се едни од најинтелигентните животни? Размислете, која друг животински вид учи да зборува, подражавајќи го човечкиот глас? Друга добра страна е дека не бараат целосно внимание, за разлика од мачињата и кучињата. Нема потреба да ги шетате, тренирате или забавувате. Токму напротив! Тие се тие кои ќе ве забавуваат, секој ден. За разлика од кучињата, на кои им е потребен поголем животен простор, птиците можете да ги чувате и во мал стан. На тој начин, ќе имате галениче, и покрај тоа што немате двор. Птиците се неверојатно друштвени животни кои дури и повеќе се поврзуваат со сопствениците, во споредба со мачките и кучињата.
На крајот, вашата птица секогаш ќе биде тука да ве сослуша кога ќе имате тежок ден, жалејќи и се на се и сешто, таа на крајот само ќе ви возрати со симпатично чврчорење.



You must be logged in to post a comment Login