Во своите колекции за очила за сезоната пролет/лето 2014 г., дизајнерите се надоврзаа на трендовите од минатата сезона. Истакнатите рамки се и понатаму модерни и соодветни за современите жени кои сакаат удобни, елегантни, но и практични очила.
Доминираат потемни бои, но многу дизајнери во своите колекции вклучија и очила со нагласени детали за оние похрабрите и модно освестените. Особено тренди се рамките во мачкин облик.
Ако сакате да бидете супер модерни, земете ги предвид 70-те години од минатиот век и според тој ретро изглед, изберете ги и своите нови очила.















You must be logged in to post a comment Login