Без разлика дали го одредуваат статусот, предизвикуваат болка или ја симболизираат убавината – потпетиците порано се носеле во шталите во Стар Египет, а денес на црвениот тепих. Старите цивилизации ги носеле за да ги заштитат стопалата од кал, додека пак денес бираме каде ќе стапнеме за да не им нанесеме прашинка, да не ги чукнеме или извалкаме ценетите потпетици.
Трендот за носење потпетици низ вековите
Античките потпетици, 4000 п.н.е
Без разлика дали станува збор за долна облека или тетоважи, шик египетската цивилизација била синоним за мода и тренд. Ќе се запрашате зошто се носело потпетици во тоа време, а одговорот е: Месарите носеле потпетици за да не се извалкаат при одделувањето на месото од внатрешните органи.
Смртоносните потпетици, 1400-1600 п.н.е
Шопинките со себе ја носат историјата на “сопни се и умри”. Се сметаат за застрашувачки потпетици, и покрај тоа што беа интернационален тренд во Турција, Италија и Шпанија. Беа претставени како статусни потпетици, што значи колку се повисоки, толку и животниот статус е повисок. Друга бизарна и архаична причина е: контрола на жените. Со овие потпетици можело лесно да се контролира жената, односно носејќи ги овие потпетици таа не можела да избега од дома, ниту пак да танцува.
Во среда носиме црвени потпетици, 1701
Само Луј XIV и неговото друштво имале право да носат црвени потпетици, затоа што истите биле симбол за моќ и богатство.
Модерните потпетици, 1954
Роџер Вивие ги промовираше стилето потпетиците високи 7,5 cm за Кристијан Диор во 1950. Каков што е и Диор, такви биле и дизајните на потпетиците: луксузни, накитени со скапоцени камења и ултра гламурозни.
Потпетиците на супермоделите, 1993
Вртоглавите потпетици на Вивиен Вествуд се токму оние кои го натераа супермоделот Наоми Кембел да се струполи на модната писта. Висината на потпетиците, наречени Super Elevated Gillie, била речиси 24 cm, додека платформата уште 10 дополнителни сантиметри.
Денешните стилето потпетици
За време на 90-тите години, Кристијан Лобутин ги враќа стилето потпетиците и истите можат да се забележат буквално на секоја холивудска дива. Забележливи по црвената боја на ѓоновите, Лобутинките станаа статусен симбол. Лобутин ги промовираше и “деколте” стилето потпетиците, како и оние со 10 cm висока потпетица. Тешко е да се оди на нив? На Кристијан Лобутин не му е гајле – убавината мора да триумфира над болката.







You must be logged in to post a comment Login