Пеачките Кејти Пери и Рита Ора се претворија во топ модели за еден ден за време на модната недела во Милано. Само еден ден по доделувањето на Брит наградите, двете пеачки пристигнаа во Милано за модната недела и се приклучија на моделите на дизајнерот Џереми Скот.
Скот е новиот креативен директор на брендот Москино. Тој ја презентираше првата колекција есен/зима 2014 за овој бренд во Милано. Кејти Пери дефилира со кратко црно кожено здолниште и палто со златни акценти. Рита Ора ја следеше со црн сатенски фустан во форма на маица со логото на брендот, испишано во златни букви.






You must be logged in to post a comment Login