Секој наоѓал пари на улица, добивале пари како подарок, некои пак добивале наследство повторно во форма на пари, но никој не се збогатил од овие лесни пари. Зошто се случува така?
Најлесните пари се трошат лесно. Како дошле, така и одат. Најчесто таква е логиката, која ги турка луѓето кон неразумно трошење, особено кога станува збор за мала сума.
И навистина, нема да се збогатиме од 500-те денари, кои ќе ги најдеме на тротоарот, но затоа пак можеме да станеме малку посреќни со тоа што ќе купиме нешто за себе или ќе се почестиме со пријателите. Сепак, ако успеете да ги потрошите 500-те илјади, кои сте ги добиле како наследство, можеби станува збор за недостаток на оној квалитет што го поседуваат богатите луѓе – вештина да управуваат со нивните пари, инвестирање во профитабилни нешта кои ќе им ги удвојат вложените пари.
Општ впечаток е дека кога не сте ги заработиле тие пари со пот на челото, има еден момент на еуфорија кога се чувствувате како да поседувате многу и сте вистински богати, по кој следува наплив од емоции и желби, па решавате да потрошите малку за нов автомобил, неколку забави со пријатели, брендирана облека, патувања, без да се размисли за опциите кои би ви овозможиле навистина да се збогатите со превземање умерен ризик и инвестирање на парите во нешто што ќе ви носи постојан приход.

You must be logged in to post a comment Login