Фрливме око на неколку модни катастрофи кои се појавија на игрите досега.
Спортот и модата произведоа голем број на комични моменти во текот на годините, но сега Зимските Олимписки Игри се на прво место според најбизарно облечени спортисти.
На Владимир Путин можеше да му падне од раце сендвичот кога го виде германскиот тим во нивните виножито униформи. Сепак Германската Олимписка Спортска Конфедерација убедува дека униформите не се политичка изјава за поддршка на правата на хомосексуалците – туку дека едноставно се модерни.
Американскиот тим можеше да очекува повеќе кога веќе беше ангажиран Ралф Лорен да ги направи нивните униформи.
Сепак најомилен од сите е скијачот Хубертус вон Хохенлохе – тим од еден спортист од Мексико, во неговата Маријачи тематска униформа.











You must be logged in to post a comment Login