Славната италијанска модна куќа Версаче, на чие чело веќе со години стои Донатела Версаче, ја воодушеви јавноста со својата pre-fall колекција за 2014.
Препознатливите сексапилни парчиња, овој пат се надополнети со интересни јакнички во боја и капути кои се еден вид на освежување на класичниот стил на Версаче.
Овој пат, Донатела при изборот на матерјали, предноста ја дала на кожата која ја користела на јакните, панталоните, здолништата, а многу интересни се и моделите на крзнените бунди со тренди виолетова и зелена боја.
Колекцијата Версаче pre-fall 2014 е наменета за младите, самостојни жени кои не се плашат да го истакнат своето тело во прв план.
























You must be logged in to post a comment Login