Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Народни рецепти за лекување на херпес

Обичниот “херпес” на усните не е толку едноставен и може да премине во сериозна непријатност.

Херпесот симплекс е вирусна инфекција на кожата и слузокожата која, доколку еднаш ја добиете, може да се повторува во текот на животот. Таа е предизвикана од херпес симплекс вирусот тип 1, кој го зафаќа лицето и усните. Втората форма се нарекува херпес симплекс тип 2, т.н. генителен херпес  и ги зафаќа половите органи.

Херпес симплексот е многу заразен и се пренесува преку плунка, а во својот организам го има 90% од населението. Вирусот влегува во телото низ плунката или раната на кожата околу устата. До инфекција на вирусот најчесто доаѓа во раните години, помеѓу првата и петтата година, но вирусот се активира само кога имунолошкиот систем слабее.

Опасни меурчиња

Херпес симплексот се манифестира како група на мали меурчиња. Нивната појава обично трае неколку часа. Овие меурчиња содржат голем број вируси на херпесот и ако тие се дупнат, вирусот многу лесно може да се пренесе од еден дел на телото на друг или од едно лице на друго. Меурчињата неколку дена подоцна се сушат и се создава жолтеникава краста. Таа отпаѓа по околу пет или шест дена. Целиот процес трае максимум десет дена. На местото на херпесот ретко останува лузна.

Лекување

За повеќето луѓе, меурчињата на усните или околу носот се повеќе естетски проблем. Затоа, сите ние би сакале да исчезнат што е можно поскоро. Некои луѓе непосредно пред појавување на меурчињата може да почувствуваат чешање, пецкање, чувствителност или болка каде што меурчето треба да се појави. Ова е време да се дејствува и да се аплицира маст на база на ацикловир. Доколку немате дома, а итно мора нешто да превземете, помагаат и народните рецепти. На пример, натопете памук во ладен чај или кафе и држете го на усните. Помагаат и облоги на база на валеријана.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement