Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Чудотворна домашна ракија која лекува

Лековитиот пијалок помага при настинка, болки во стомакот, аритмија, главоболка и што ли уште не.

Лековитата ракија може да ја направи секој сам во домашни услови. Во рецептата се користат повеќе билки или лековити треви при што условот е тие да се стават во спиртниот раствор точно во времето кога цветаат или во сезоната на берба кога се најлековити.

Од сите билки се зема по еден грст и се додаваат во тегла од 3 литри каде претходно ќе додадете 1,5 л домашна ракија – средно јака. Од време на време содржината треба да се промешува со дрвена лажица.

А еве го и списокот на лековитите растенија кои влегуваат во составот на оваа рецепта:

Нане кога цвета, жолт кантарион – цвет, млади лозови листови, капина – млади листови, коприва – листови и семе, копар – листови и цвет, лешник – листови, магдонос – листови, цвет, сончогледова пита – 2 парчиња помали расцветани пити, слез – цвет, дрен – листови, слез – цвет, смоква – листови, јагода – листови, вишна – листови, орев – листови, костен – листови, босилек – листови и цвет, здравец – листови и бршлен – листови.

Откако во ракијата ќе се додаде и последната билка, смесата се меша добро и се остава да отстои 20 дена. После тоа содржината во теглата уште еднаш се меша и се цеди при што растенијата силно се стискаат со раце до последна капка. Растворот се чува во стерилни стаклени садови кои добро се затвараат.

Внатрешно се користи по 1 супена лажица 3 пати на ден, а надворешно се мачкаат болните места по потреба.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement