Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Лук против болки во зглобовите

Болкиte во зглобовите можат да произлезат од многу причини. Какви и да се причините, болките може да бидат многу непријатни. За таа цел ви нудиме неколку рецепти од народната медицина, кои може да се применуваат против болки во зглобовите.

Едно од природните средства , кое помага против болки во зглобовите е лукот. Добро познато е дека тој е природен антибиотик. Неговата комбинација со масло, кое содржи драгоцена линоленска киселина дава многу ефикасен лек против болки во зглобовите.

Изгмечете добро 75 грама лук. Кон него додадете 75грама масло и 75грама алкохол. Измешајте ги состојките и оставете ги да отстојат едно деноноќие. Потоа исцедете и со добиениот екстракт масирајте ги болните зглобови со кружни движења.

Замесете потврдо тесто со квасец за леб и оставете го да нарасне или дирекно купете подготвено тесто. Кон него додадете половина глава истолчен лук и лажица масло. Измесесте го тестото добро и ставете го во платнена кеса. Вечерта пред спиење загрејте ја малку торбичката и ставете ја каде што е потребно, па заврзете ја со крпа. Останете така цела ноќ. Повторете ја постапката уште два пати.

Рузмаринот исто така може да ви помогнеда ги ублажите страдањата. Етеричните масла содржани во неговите листови го стимулираат централниот нервен систем и крвотокот. Неговата надворешна употреба, ги намалува боките при исчашување на зглобовите и помага при ревматизам.

Сварете 4 лажици свежи листови од рузмарин со 1 лажица маслиново масло и 1 литар вода. Оставете ги на огнот околу 20-тина минути, а потоа исцедете и додадете ја течноста кон водата во када.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement