Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Летните плодови се најполезни за здравјето

Дали поради сончевите зраци, дали едноставно бидејќи природата така одлучи, но најкорисните плодови зреат токму во текот на летото!

А уште поубава вест е дека токму тогаш можеме да се надеваме на најширокиот спектар. Кајсии, праски, јагоди, сливи, круши, јаболка и што ли уште не – имаме целосна слобода да се насладуваме на се што ќе посакаме, и тоа во изобилие.

Тоа е сезоната на јаболката, на пример кои се богати со пектин – материја што го поттикнува топењето на мастите. Тие се многу корисни бидејќи го полнат организмот со есенцијални витамнини и минерали како витамини од групата Б, калиум и многу други. Освен тоа јаболката имаат способност да го прочистуваат гастроинтестиналниот тракт.

Други летни плодови кои делуваат одлично на фигурата, се малините. Тие се нискокалорични и со висока содржина на витамнини и минерали. Но најдоброто нешто е дека се богати со вредни антиоксиданси. Овие плодови имаат способност да го подобрат варењето и така да го забрзаат слабеењето.

Да не заборавиме и на еден од најпопуларните плодови – лубеницата! 100гр од неа содржи само 26 калории, што ја прави страшно диететска. Во исто време таа го полни телото со вредни супстанции, како витамините А, Б1, Б3, Ц, калциум, железо, магнезиум и бакар.

Но најважно е дека за било кој летен плод да се одлучите, ќе се погрижите за здравјето и убавината, како и за најдобар тонус.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement