Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Кои зачини ќе ви го спасат животот

Научниците велат дека доколку јадете оброк зачинет со пиперка, куркума или цимет ќе ги одбраните крвните садови и срцето од негативните ефекти на масната храна.

Тим на научници од универзитетот Пен Стејт покажале дека мешавина од зачини антиоксиданти може да го намали стресот на срцето и крвните садови кој доаѓа од храна со висока содржина на масти.

Кога јадеме телото ги користи јаглехидратите и ги претвора во енергија, а останатите калории ги претвора во триглицериди кои се чуваат во масните клетки за подоцнежна употреба.

Според Шила Вест, водач на студијата, откриено е дека преку додавање на зачини во висококалорично масни оброци триглицеридите се намалуваат за 30 проценти.

Во текот на студијата на група мажи со возраст од 35 до 60-ина години во храната им се додавале 2 лажички зачин. Оброците биле зачинети со рузмарин, оригано, цимет, куркума, црн пипер, лук и пиперка.

Овие зачини биле избрани бидејќи сите тие имаат силен антиоксидативни ефект. По завршувањето на оброкот антиоксидативната активност во крвта се зголемила за 13 проценти, додека инсулинот оппаднал за 20 проценти. Дополнително, треба да се знае дека високото ниво на инсулин во крвта со тек на времето може да предизвика артериосклероза.

Учесниците во студијата немале никакви проблеми со варењето на храната; зачините всушност им го дополниле оброкот, го намалиле оксидативниот стрес и ризикот од срцеви заболувања.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement