Најпрво да ја поставиме границата што ја разграничува атрактивната од вулгарната мода. Атрактивниот изглед како стил може да биде и урбан, вулгарниот не може.
Понекогаш границата помеѓу атрактивното и вулгарното е многу тенка и човек несакајќи може да долови непожелен изглед. Има едно основно правило што треба да го следите за да ја избегнете оваа грешка – никогаш не носете истовремено кратко здолниште и деколте. Нека биде или едното или другото.
Друго важно правило е за анимал принтот – мошне е модерен но ако не знаете правилно да го користите лесно станува вулгарен. Дозволен е само еден акцент во анимал принт, или чевли, или само чанта и сл.
Погледнете ги аутфитите што ги избравме за денес и видете како овие девојки изгледаат атрактивно и истовремено урбано – тоа е нашата цел!























You must be logged in to post a comment Login