Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Три напитоци од банана идеални за губење на тежината

И покрај вкоренатото верување дека бананата треба да се избегнува доколку сакате да изгубите тежина, таа е еден од најпосакуваните состојки во диеталните напитоци…

Бананата е идеална благодарение на калиумот кој не ослободува од вишокот вода во телото и растителните влакна кои го забрзуваат метаболизмот, во соработка со други намирници кои топат масти како лен и спанаќ, вистинска инвазија на непосакуваните перничиња.

Покрај тоа природните шеќери фруктоза, сахароза и гликоза се одличен извор на енергија за нашето тело, па така консумирајќи банана ги смируваме лажните чувства на глад кои често не водат до забранети закуски кои се причина за масните перничиња, додека влакната со кои бананата изобилува се клучни за забрзување на метаболизмот.

Бананата ја користиме во диеталните напитоци како база на која и додаваме природни растворувачи на мастите како ленено семе, овошни плодови и спанаќ кој меѓу останатото, го снабдува нашиот организам со потребните витамини и минерали.

1. Банана напиток со ленено семе

Состојки:

  • 1 портокал
  • 1 банана
  • 2 лажици сурутка
  • 2 лажици ленено семе

2. Банана со овошни плодови

Состојки:

  • 1 банана
  • 1 лажица овошни плодови (боровинки, малини, брусница)
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • половина чаша млака вода

3. Банана напиток со спанаќ

Состојки:

  • 1 банана
  • 200гр свеж спанаќ
  • половина чаша лајт јогурт
  • третина чаша овесни слегулки
  • 1 лажичка мед

Подготовката на овие напитоци е иста за сите врсти, само е потребно состојките да се стават во блендер и да се измиксираат. Овие диетални, но пред се здрави, напитоци се консумираат наутро за појадок,  бидејќи тогаш телото најдобро ги апсорбира и препознава состојките кои во овој случај ќе направат вистинска инвазија на акумулираните масти наталожени околу половината.

 

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement