Лекувањето со морска сол е познато уште одамна во народната медицина. Познато е дека солта се користи при лекување на редица болести, но она во што е вистински ветеран е борбата против настинките и грипот. А оваа зима дефинитивно имаме потреба од нешто сосема природно и при тоа лековито.
Експертите советуваат да си правиме често топла купка со морска сол. За да подготвите лековита купка потребно е да исипете околу 300 грама сол во 200 литри топла вода. Најсоодветно време за тоа е вечерта – 2 часа после вечера и еден час пред спиење. Пожелно е температурата на водата да биде 37-38 степени целзиусови.
Солта влијае позитивно и на нервниот систем при што го намалува стресот, заморот, го нормализира сонот и го зголемува тонусот на организмот.
Друго домашно лекарство подготвено од морска сол се капките за нос. Ако страдате од синузит или носот често ви е запушен, можете да ја пробате следната варијанта: исипете 3-4 лажици морска сол во половина литар врела вода на што ќе додадете и една мала лажичка сода бикарбонат. Оставете да врие десетина минути, а откако ќе се олади течноста се чува во стерилен стаклен сад. Со помош на пипета или дозер капнете од растворот по две капки во секоја ноздра неколку пати во текот на денот и веднаш ќе почувствувате олеснување.
Штом немаме море ќе се задоволиме и со дел од неговите полезни дарови. Освен што е многу поевтина од лекарствата, солта е пред се природна и мултифункционална.

You must be logged in to post a comment Login