Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Нокти

Како најлесно да ги излакирате ноктите со раката која не ви е доминантна? (видео)

Само што завршивте со совршениот домашен маникир на едната рака кога сфаќате дека треба да ја смените раката и да продолжите со раката која многу поретко ја користите за разлика од доминантната со која знаете совршено да управувате.

Najlesniot-nacin-kako-da-gi-izlakirate-noktite-na-dominantnata-raka-01

Оваа борба им е позната речиси на сите девојки и уште од самиот старт знаете каков ќе биде исходот: часови и часови потрошени во лакирање и бришење на лакот сè додека не добиете колку-толку задоволувачки резултати.

Сепак постојат неколку трикови со кои веќе нема да морате да трошите толку многу време и нерви а ноктите ќе ви бидат совршени излакирани и на двете раце.

Погледнете го видеото и нештата ќе ви станат многу појасни…

Чекор 1: Започнете со основниот слој. Притиснете ја четката до грлото на шишенцето за да го отстраните вишокот лак. Започнете така што прво ќе ги излакирате врвовите на ноктите. Држете ја четката мирно и мрдајте со ноктот за да го излакирате по должината на врвот.

Чекор 2: За да нанесете основен слој на целиот нокт започнете со тоа што ќе нанесете права линија во средината на ноктот, од кутикулите кон врвот. Нанесете една или две линии на средината и потоа продолжете со страните.

Чекор 3: Повторете ги чекорите 1 и 2 и почекајте лакот да се исуши.

Чекор 4: На крајот со чепкалка за уши натопена во ацетон внимателно поминете околу рабовите на ноктот за да ги отстраните евентуалните грешки при лакирањето.

Прочитај

Uncategorized

2 октомври е најголемиот државен празник на Република Гвинеја. На овој ден, Гвинеја ја прославува независноста од Франција. 2018 е важна година, бидејќи токму...

Совети за Секс и Врска

Ја љубам мојата сопруга и не се срамам да го покажам тоа. Ја сакам наутро, кога е без грам шминка, сонлива и со коса која...

Лице

Сите знаеме дека маскарата не би требало да ја користиме подолго од 6 месеци, колку и да е во добра состојба, а пудрата не...

Совети за Фитнес

Младата студентка Алис Лајвинг пред само година дена се одлучила да живее здраво и со таа одлука се трансформирала во фитнес кралица. Алис имала...