• Сподели на:

Едноставна рутина во 3 чекори за негувани раце и нокти

___

Миењето садови и завршувањето на другите домаќински работи во домот може да има негативни последици на изгледот на кожата на рацете и ноктите.

ednostavna-rutina-vo-3-chekori-za-neguvani-race-i-nokti-001.jpg

Оваа едноставна рутина од 3 чекори ќе ви помогне секогаш да бидете задоволни од изгледот на своите раце:

1. Носете ракавици

Недостатокот на влажност е лошо за убавината на ноктите, а токму затоа тие се изложени на чести кршења во текот на зимските месеци. Ако сакате да спречите нивно сушење и пукање, мијте ги садовите со нараквици, но носете ги и кога ги чистите другите делови од домот.

2. Негувајте ја кожата со масло

Откако ќе ги тргнете ракавиците, кожата на рацете и ноктите нахранете ги со масло за негување. Ако немате специјално масло за нега, тогаш доволно е и обично сончогледово или маслиново масло со кое готвите во домаќинството.

3. Намачкајте ги рацете со масен крем

Кога кожата ќе го впие маслото, рацете намачкајте ги со мрсна крема со која ќе им додадете дополнителна влажност на рацете и ноктите и така ќе спречите нивно пукање и кршење. Претворете ја оваа секојдневна козметичка рутина од 3 чекори во свое секојдневие и така ќе добиете прекрасен изглед на рацете и ноктите.


Оставете коментар

___