• Сподели на:

Имате сува коса? 5 навики кои го предизвикуваат овој проблем

___

Честите промени на времето кои се карактеристични за пролетта, влијаат на состојбата на нашата коса. Сепак, начинот на кој ја третираме влијае на нејзиниот квалитет и ја прави да биде посува отколку што треба да биде.

Ова се дел од тие навики со кои веројатно ја уништувате вашата коса:

1. Недоволно ја кратите

Редовното кратење на косата е важно, без разлика на типот и должината на косата, затоа што на тој начин ги отстранувате расцветаните краеви. Исто така, тоа е од исклучителна важност и доколку имате природно сува коса, експертите препорачуваат да ја кратите на секои 6 недели.


2. Употребувате шампон со сулфати

Доколку ја фарбате косата или имате прамени, важно е да знаете дека сулфатите во шампонот можат да ја избледат бојата, што дополнително ја суши косата. Другите производи кои ја прават косата да биде сува се шампоните за суво измивање, како и спрејови со додатоци од морска сол кои се користат за обликување на фризурата.


3. Не ја штитите косата од топлина

Доколку често користите фен за коса, фигаро или пегла за коса, неопходно е претходно да нанесете спреј или крема за заштита од топлина – посебно ако имате природно сува ксоа. Освен што ќе го заштити влакното од штетната топлина, овие производи и дополнително го забрзуваат сушењето на косата т.е. помалку време ќе ви биде потребно за користење на стилизатор за коса.


4. Пречесто ја третирате со хемикалии

Доколку вашата коса е сува, а сакате да се фарбате подобро одберете опции кои бараат помалку обновување и одење на фризер. Одберете балајаж или омбре – затоа што на тој начин нема да морате секој месец да го фарбате коренот на косата, а под влијание на сонцето и до правилна нега, со тек на времето вашата коса ќе изгледа поприродно и посвежо.


5. Користите боја купена во дрогерија

Иако таму се најевтини, се ефикасни и брзо се нанесуваат, веројатно вашата коса ќе биде сува и оштетена. Подобро издвојте одредена сума на пари и доверете го фарбањето на професионален фризер кој користи квалитетни производи и во потполност ќе ви се посвети.


Оставете коментар

___