• Сподели на:

9 грешки кои прават вашата коса да изгледа ретка

___

1. Ги користите погрешните четки

За да имате одлична коса, треба да имате и одлична нега за неа. Тука се вбројува и изборот на четките.

„Пластичните, рамните и металните четки нема да ви дадат доволно тензија кога работите со косата, како што тоа би го направиле четките од свински влакна или од комбинирани влакна од животни со потврда кожа. Тензијата ви овозможува подобро да ја држите косата и да добиете волумен на правилните места“, вели Ева Скриво, познат стилист и основач на салонот за убавина „Ева Скриво“.

2. Косата ви е еднобојна

Сигурно го знаете трикот дека во една боја ќе изгледате послабо. Истото важи и за косата. Ако имате само една нијаса на боја, вашите прамени ќе изгледаат многу поретки. Решението е да додадете повеќе различни нијанси.

„Осветлувањето ѝ дава длабочина на косата. За разлика од еднобојните нијанси, осветлените или затемнетите прамени ѝ даваат форма и димензија на косата што пак како резултат, дава илузија на погусти прамени“, вели Ник Пена, сопственик и главен стилист на салонот за убавина „Капри“.

3. Долгата коса ви го отежнува изгледот

„Ако имате поретка коса, одлучете се за кратка до средна должина. Нежната и ретка коса која е многу долга, често знае да изгледа како жица“, објаснува Пена.

Ако отсекогаш сте имале долга коса и не знаете како да преминете на пократка, пробајте долга боб фризура. Овој омилен избор помеѓу девојките ви овозможува слоевито и степенувано движење на косата, кое пак, резултира со повеќе волумен. Така косата има поголема димензионалност, а сепак останува подолга.

4. Косата ви е престегната кога ја собирате

„Престегнатите опавчиња и пунџи ги влечат фоликулите на косата, што резултира со кршење и разделување на врвовите на влакната, опаѓање на косата, а со тоа и со поретка коса“, вели Ник Пена.

Што велите за лабава плетенка или брановидни прамени?

5. Бојата на вашата коса е блиску до тенот на вашата кожа

Според Скриво, ако сте многу бледи и имате светла руса коса, таа може да изгледа поретко.

„Секоја боја на коса која е блиска со тенот на кожата на лицето и вратот ќе изгледа поплитка, а со тоа и поретка. Ако вашата коса е нежна и светла, пробајте да ставите повеќе нијанси во вашата фризура со цел да спречите таа да изгледа здодевно.“

6. Ја фарбате косата многу темно

Вампирските бои можеби се тренд во зима, но ако сте загрижени дека вашата коса изгледа поретко, тогаш би требало да се одлучите за посветли нијанси.

„Со многу темни бои коренот е повидлив, позабележителен и може да изгледа многу поширок. Тоа ја дава илузијата на поретка коса“, вели Сриво.

7. Ги користите погрешните производи за коса

Одбирањето на правилните производи за вашата коса е многу важен дел од целосната нега на косата, но она што е добро за вашите пријатели кои имаат погуста коса, можеби не е толку добро за вас.

„Маслените производи и оние со повеќе силикон тешко ‘лежат’ на косата и ја прават поретка. Производите, пак, кои содржат алкохол го сушат скалпот и овозможуваат корените на косата да бидат посуви подолго време“, предупредува Скриво.

8. Жешките уреди се премногу жешки

Оформувањето на косата со жешко фигаро може да даде малку повеќе волумен, но ако температурата на уредот е превисока, ризикувате да ја оштетите косата.

„Само затоа што уредите за стилизирање на косата можат да достигнат температура до 200 степени не значи дека треба да ги користите токму со ваквата највисока опција“ вели Ник Пена.

Жешките уреди може да ги оштетат кутикулите на влакното и да предизвикаат негово разделување. Се препорачува пред стилизирањето на косата со ваквите уреди да се употребуваат производи кои ја штитат косата од топлина.

9. Вашата фризура е премногу рамна

„За дамите со средна должина на косата до рамена или подолга, фризурите кои немаат никакво степенување на косата може да направат таа да изгледа значително поретка.“, коментира Скриво.

Покрај додавањето степени во косата, Скриво советува и да се додадат прамени кои ја следат формата на лицето, како на пример, шишки на страна.


Оставете коментар

___