• Сподели на:

10 совршени и брзи трикови за девојките кои немаат време да се подготвуваат со часови

___

Некогаш се успивате, некогаш брзате од работа до дома да се подготвите за дневно излегување и секогаш имате чувство дека ви недостасува време за да се подготвите онака како што сакате.

10-sovrseni-i-brzi-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-podgotvite-za-mig-01.jpg

За сите вие кои чувствувате дека времето е луксуз кој никако не успевате да се го допуштите, еве неколку совети со кои за кратко време ќе бидете готови за излегување.

1. Лош маникир

На сите ни се случило да ни се излупи лакот токму тогаш кога немаме време за одново лакирање и чекање време за лакот да се исуши. Во таквите моменти наједноставното решение е да го излакирате ноктот со безбоен лак и да нанесете светки. Ќе изгледате тренди и забавно, и никој нема да знае за вашиот излупен лак.

10-sovrseni-i-brzi-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-podgotvite-za-mig-1.jpg

2. Брзо сушење на шминката

На секоја шминка ѝ е потребно малку време да се исуши. Ако она што ви недостасува е токму тоа време, тогаш земете го фенот и за неколку минути исушете ја шминката.

10-sovrseni-i-brzi-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-podgotvite-za-mig-2.jpg

3. Лекување на болни стапала

Најдоброто нешто што можете да го направите за вашите стапала е да ги намачкате со вазелин, особено на петите, да облечете чорапи и така да преспиете. Следниот ден стапалата ќе ви бидат меки и нежни како на бебе.

10-sovrseni-i-brzi-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-podgotvite-za-mig-3.gif

4. Совршено нанесување туш

Постои еден едноставен трик со кој секогаш ќе имате совршено нанесеш туш. Земете кредитна картичка, картичка за автобус и поставете ја покрај окото така што ќе исцртате совршено права линија.

10-sovrseni-i-brzi-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-podgotvite-za-mig-4.jpg

5. Карминот е решение за сè

Ако немате многу време за нанесување руж или пудра, а да не зборуваме за контурурање, нанесете само малку кармин на образите и убаво размачкајте.

10-sovrseni-i-brzi-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-podgotvite-za-mig-5.jpg

6. Фиксирање на шминка

Фиксаторите за шминка се одлично решение со кое нема да има потреба воопшто да се грижите дали шминката е на место во текот на целиот ден.

10-sovrseni-i-brzi-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-podgotvite-za-mig-6.jpg

7. Истакнете ги очите или усните

Ако немате време за целосна шминка, истакнете еден дел од лицето како што се очите или усните. Ќе изгледате многу помалку нападно, а ќе ви одземе двојно помалку време.

10-sovrseni-i-brzi-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-podgotvite-za-mig-7.jpg

8. Кога немате време да ја измиете косата

Миењето на косата секогаш одзема многу време. Ако немате време за тоа, а имате фризура со шишки доволно е да ги измиете само нив. Ако немате шишки, едноставно фатете ја косата во реп или пунџа и никој нема да забележи дека сте немале време да ја измиете.

10-sovrseni-i-brzi-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-podgotvite-za-mig-8.jpg

9. Хидратација на кожата

Никако не заборавајте дека на кожата ѝ треба хидратација. Секоја вечер пред спиење намачкајте ги рацете со глицеринска крема која ќе ви помогне да имате нежни и негувани раце.

10-sovrseni-i-brzi-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-podgotvite-za-mig-9.jpg

10. Мултитаскингот е совршено решение

Најдоброто решениe за да заштедите време е мултитаскингот. Мијте ги забите додека имате маска на косата. Сушете ја косата додека одговарате на пораките. Шминкајте се додека чекате да се олади кафето. Сè е во мултитаскингот.

10-sovrseni-i-brzi-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-podgotvite-za-mig-10


Оставете коментар

___