Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Што да јадете за да потемнете, а да не изгорите

Со паметно изложување на сонцето и соодветна заштита, можете да го искористите најдоброто од UV зраците – темна кожа без црвенила и изгореници.

Но, храната игра огромна улога кога се работи за успешното потемнување.

Затоа, барем 1 месец пред одморот, применувајте ги овие правила во исхраната:

1. За појадок подгответе сендвич со маргарин и чаден филет лосос. Розовото месо е богато со омега-3 масни киселини кои ги смируваат воспаленијата на кожата. Слично дејство имаат и сардините, пастрмката и рибиното масло кое можете да го консумирате како додаток во исхраната.

2. Летната кошничка за овошје и зеленчук наполнете ја со дињи, лубеници, грејпфрут и домати. Консумацијата на овошје и зеленчук богато со ликопен ќе и помогне на кожата да се навикне на UV зрачењето, а ја штити од директното оштетување.

3. Желбата за нешто слатко задоволете ја со темно чоколадо. Флавоноидите од чоколадото имаат силни антиоксидансни својства кои го намалуваат оштетувањето на кожата.

4. Кога сонцето ќе го достигне врвот, дозволете си лесен оброк со што повеќе спанаќ, блитва или брокула. Со нивна консумација ќе го овозможите доволното количество витамин А кој штити од иритации, ја поттикнува обновата на клетките и ја подобрува влажноста на кожата.

5. Без шише вода или чај не го напуштајте домот. Сварете си зелен чај и ставете го во ладилник, па консумирајте го со ручекот и вечерата. Зелениот чај содржи аминокиселини и моќни антиоксиданси кои ги спречуваат воспалителните процеси заслужни за стареење на кожата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement