Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Најчестите грешки при миење на косата

За вашата коса да биде негувана и убава, морате за неа да водите сметка и да ја миете барем 2 пати во неделата. Меѓутоа, не е доволно само да ја шампонирате, да ја исплакнете и да ја исушите, туку морате да знаете уште неколку трикови. Многу жени не се запознаени со тие и често грешат, што во голема мера и штети на вашата коса. Доколку вашата фризура ви е мила, еве неколку од грешките.

Секогаш ист шампон –  Ако користите секогаш ист шампон вашата коса ќе стане презаситена од состојките кои ги содржи, што доаѓа до различни проблеми – првут, сушење на кожата на темето, чешање или едноставно неефикасност на шампонот. Пожелно е на секои 3-4 месеци да го менувате шампонот, но секој нов шампон да содржи различни состојки од претходниот. Исто така, се препорачува еднаш во 2 месеци да се користи шампон за длабинско миење на косата.

Kosa 2

Погрешно масирање – Експертите секогаш обраќаат внимание дека е потребно во текот на миење на косата да ја масирате кожата и така да ја подобрите циркулацијата. Сепак и тука постои оптиматум. Бидете нежни, немојте премногу да ја притискате кожата. Косата кога е мокра е послаба и по склона на пукање, а ако триете грубо постојат шанси да ја искубете. Исто така, немојте да ги триете краевите на косата на темето. Најдобра техника е да ги ставите прстите директно до темето и да триете помали делови, да пазите да не ја измрсите косата.

Шампонирање на полумокра коса – Да ја добиете потребната сапуница за миење на косата неопходно е косата да биде мокра. Без доволна влага, шампонот нема да пени и вашето миење ќе биде половично, а шампонот поагресивен.

Kosa 3

Шампонирање секогаш на исто место – Ако секој пат почнувате со нанесување шампон на темето, по некое време приметувате дека на тој дел од косата почнува да ја менува структурата – постанува исушена или премрсна. Тоа е затоа што премногу ја третирате со шампон, односно го нанесувате секогаш на истото место. Променете ја рутината и почнете со шампонирање од деловите над образите или од вратот.

Плакнење со врела вода – Врелата вода додатно ја суши косата која е третирана со состојките од шампонот. Затоа секогаш намалете ја температурата на водата кога ја плакнете од шампонот – најдобро е водата да биде млака додека ја плакнете, а пред самиот крај плакнете ја дури и со ладна вода.

Kosa 4

Чешлање и триење на косата со пешкир – Никако немојте ниту едното ниту другото да го правите. Како што споменавме, влажната коса е слаба, затоа избегнувајте да ја расчешлувате или да ја триете со пешкир како би ја собрале влагата. Најдобра варијанта е да ја исцедите и да ја замотате во пешкир, да ја оставите пешкирот да ја извлече целата влажност. Откако косата е скоро сува, можете да ја расчешлувате.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement