• Сподели на:

Ќе се навлечете на лимони кога ќе го дознаете следново…

___

Вие можеби сакате лимонада, или пилешко во сос од лимон, но вашата кожа и коса уште повеќе го сакаат лимонот – тие добиваат бројни придобивки од него. Еве неколку практични совети што треба да ги знаете за лимонот:

Крем за хидратација: Измешајте неколку капки кокосова вода и сок од свежо цеден лимон. Кокосот ја хидрира вашата кожа, а ломонот ќе ја исчисти и ќе ја освежи.

Избелување на лактот и коленото: Доколку вашите лакти и колена се потемни, исечете го лимонот на половина и протријте ги лактите и колената, веднаш ќе добијат посветла боја. Делува магично!

Третман за акни: Можеби звучи многу добро за да биде вистинито, но лимонот има големо антибактериско дејство и може да ви помогне доколку имате проблем со акни. Пресечете тенко парче лимон и исцедете го сокот врз лицето. Акните ќе почнат да исчезнуваат, уште пред да ги приметите.

Нега на кожа: Во 150 мл дестилирана вода ставете неколку капки лимонов сок и есенцијално масло од чајно дрво. Овој микс се користи како тонер за лице, а можете да го нанесете на проблематична кожа со тупфери.

Избелување на заби: Во свежо исцеден лимон додадете една кесичка прашок за пециво и нанесете го на вашите заби со помош на стапче за уши. Земете ја четкичката за заби, убаво протријте ги забите, а потоа исплакнете ја усната празнина со вода.

Третман против гангрена: Посипете неколку капки етерично масло од лимон директно на раничката, лимонот ќе делува за побрзо заздравување на кожата.

Осветлување на кожата: Лимонот е богат со витамин Ц и цитрусна киселина. Доколку го употребувате често тоа ќе ѝ помогне на вашата кожа да биде свежа и сјајна. Ц витаминот е одличен антиоксиданс за неутрализирање на слободните радикали и за зголемување на производството на колаген. Тој помага во осветлувањето на дамките на лицето.

 

Балзам за усни: Нанесете малку свежо исцеден лимонов сок на усните пред спиење. Кога ќе станете наутро измијте го, така што ќе ги отстраните сите мртви клетки и сувата кожа од вашите усни.

Совет: не го практикувајте ова доколку имате некоја рана или исекотина на усните.

Зацврснувач на нокти: Често правите маникир со гел? Пробајте го ова: земете неколку капки маслиново масло и неколку капки сок од свежо исцеден лимон и нанесете го на ноктите. Ќе ви помогне да ги зацврстите ноктите, а исто така помага доколку вашите нокти имаат склоност кон пожолтување.

Осветлувач на коса: Нанесете на вашата коса сок од свежо исцеден лимон и излезете на сонце. Лимонот ќе ја осветли вашата коса, но исто така позитивно влијае на проблемите со првут.

 


Оставете коментар

___