Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како правилно да ја чешлате долгата коса?

Еден од триковите за косата да биде здрава и сјајна е правилното чешлање. Кај кратката коса тоа и не претставува некој проблем, но не и кога станува збор за долгата и густа коса. Неправилното чешлање на косата е штетно за влакното многу повеќе отколку што мислите.

За да имате секогаш сјајна, здрава и привлечна коса, почитувајте го правилникот од 5 чекори:

Секогаш чешлајте ја косата наведната

Ова е многу паметен чекор бидејќи чешлањето на косата одоздола спрема врвовите оневозможува кршење на влакното. Сетете се колку повеќе ја кубете косата кога се чешлате исправена. Тоа е голем стрес за самото влакно. Чешлањето наведната е многу полесен метод за расплетување на истутканата коса.

Поделете ја косата на делови

За да ја намалите болката и штетата што може да ја направите на косата одете на сигурна варијанта. Поделете ја косата на два дела од двете страни на главата. Чешлајте го секој дел одделно и на крај спојте ги за да се изгуби патецот. Бидејќи ги отплеткавте сите замрсени прамни, сега нема да имате проблем и ќе може да ја чешлате косата по целата површина.

Чешлајте ја косата само кога е добро исушена

Косата е најосетлива додека е водена. Комбинацијата на водена коса и четка е убиствено за влакното. За долгата коса секогаш се препорачува да се чешла со мека четка, откако убаво ќе се исуши. Но, некои девојки се жалат дека мора да ја чешлаат косата додека е водена бидејќи само на тој начин успеваат да ја расплетат. Тоа е во ред, но сé додека водената коса ја расплеткувате исклучиво со чешел, а не со четка.

Употребувајте квалитетна четка.

Четката изработена од природни влакна е поскапа за разлика од онаа со пластични запци. Но, верувајте дека ќе ви се исплати до денар. Таа е премногу мека за да може да предизвика уништување на структурата на влакното. Покрај тоа, природната мрснотија од скалпот ја распоредува низ целата коса. На тој начин ќе добиете сјајна коса без суви врвови.

Бидете трпеливи

Иако расплетувањето на косата е бавно и болно, мора да бидете трпеливи. Брзото и насилно чешлање ќе ви донесе само повеќе влакна на четката и искршени врвови. Секогаш кога расплетувате некој прамен фатете го погоре со раката за да го намалите кубењето. Почнете со 5, но секоја недела зголемувајте ги потезите со четката. Ако тоа води кон побрзо мрсење на косата, веднаш намалете со честотата на чешлање и бројот на потезите.

Прочитај

Green Tea

Опремени со Gucci тапети, прибор за јадење… Како што веројатно веќе знаете, брендот Gucci го отвори својот прв ресторан во САД, лоциран во Лос...

Route 66

Фасцинантниот Астро од 1967 година им овозможи на неговите дизајнери да ги истражуваат границите помеѓу убавина и ниска повлечена форма. Со висина помалку од...

Four Seasons

Јахтата Futura има хибридни мотори, надворешно стакло и форма на риба, заедно со многу други технологии кои ја хранат неговата одржливост… Најновиот концепт на...

Green Tea

Michael Korsго претставува најновиот машки мирис во својата колекција Extreme… Оваа линија веќе има Extreme Blue, Extreme Night, Extreme Rush, Extreme Speed, додека најновата...