Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како да се разубавите со мраз?

Кој би помислил дека мразот служи за нешто повеќе од разладување? Како на пример дека е одличен за негата на вашето лице? Да, тоа е малата слатка тајна, а денес ја споделуваме со вас.

Ја затегнува кожата

Постојат два начини како може да го направите ова: релаксирачкиот начин или да ја пикнете главата во сад со вода и мраз. Вториов начин е малку стресен за телото и не се знае како ќе реагира срцето, но ќе го затегне вашето лице и порите. За неколку секунди, ладната вода го намалува крвотокот, а со тоа се стеснуваат зголемените пори и брчките. Ако ова е премногу за вас, една коцка мраз може да помогне. Само третирајте ги проблематичните области, и инстантно ќе ви се подобри бојата на лицето.

Ги намалува перничињата под очите

Иако геловите за очи ја подобруваат состојбата, вистинското будење се крие во замрзнувачот. Земете неколку коцки мраз, ставете ги во крпче и чувајте ги на очите десетина минути. Ќе ги намали утринските отоци, но и ќе изгледате свежо и будно.

Ги намалува црвенилата

Сите ги имаме оние моменти кога неконтролирано го чепкаме/стискаме лицето. Резултатот на тоа се големи, црвени мозолчиња. За брзо да се намали отокот и црвенилото, чувајте коцка мраз на местото.

Сјајна кожа

За озвежување на лицето ви е потребна само една коцка мраз. Дури и кога имате шминка на вас, после неколку часа наместо да го оптоварувате вашето лице со уште шминка, поминете со коцка мраз за сјај.

Прочитај

Four Seasons

Јахтата Futura има хибридни мотори, надворешно стакло и форма на риба, заедно со многу други технологии кои ја хранат неговата одржливост… Најновиот концепт на...

Green Tea

Michael Korsго претставува најновиот машки мирис во својата колекција Extreme… Оваа линија веќе има Extreme Blue, Extreme Night, Extreme Rush, Extreme Speed, додека најновата...

Cotton Club

Со доаѓањето на Дејвид Церато во компанијата пред пет години, марката Montblanc за многу кратко време ја смени својата поделба за часовници… Префрлувајќи го...

Wall Street

Станува збор за Hanoi Golden Lake Нotel, кој е наречен така единствено заради навистина специфична причина. Според наводите, оваа 25-катна зграда е покриена со...