Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како да се ослободите од мрсната кожа?

Ако имате проблем со мрсна кожа, особено во пределот на носот, брадата или челото (или т.н. Т-зона) не треба да употребувате производи кои ги затвораат порите и создаваат митесери. Од мрсната кожа може да се ослободите со следниве чекори.

Чистење
Првиот чекор во решавање на проблемот со мрсната кожа е чистење на истата наутро и навечер. Изберете нежен тоник со ниска PH вредност кој ќе го отстрани вишокот маснотија од површината на кожата и нема да го уништи заштитниот слој. Лицето не смеете да го третирате со агресивни сапуни бидејќи на тој начин ќе постигнете спротивен ефект. Еднаш неделно правете и пилинг на кожата кој ќе ги отстрани мртвите клетки и нечистотиите од површинскиот слој на кожата.

Маска за нега
Најмалку еднаш неделно направете маска за лице која исто така ќе го отстрани вишокот маснотии во критичните зони. Во таа нега особено ефикасно дејствува зелената глина, свежата краставица или смуди од житарки, свежа краставица и јогурт. Секоја од овие маски се нанесува на чиста кожа, се остава да делува половина час и потоа се плакне со ладна вода.

Нежна шминка
Агресивните креми и козметички производи дополнително ќе ја замастат Т-зоната. Затоа, изберете нежна пудра и други нежни производи за лице. Најдобро би било сите препарати кои ги користите да имаат природна AХA киселина, витамин А и Е.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement