Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како да ги сокриете акните

Мислите дека акните на можат да се скријат? Тоа значи дека не верувате многу во моќта на шминката. Погледнете го ова, и ќе се уверите дека и покрај многубројните акни, со шминка можете да имате совршено лице.

Aкните најчесто се јавуваат кај младите, но и повозрасните не се поштедени од нив, а причини за тоа, освен генетиката се и многу други фактори, како исхраната, стресот, козметичките препарати, алергија на некоја храна или козметички производ и друго. Без оглед на причината за нивната појава, тие бараат соодветен третман и лекување, а тоа пак бара време. Во меѓувреме, додека успеете да се изборите со акните, за да изгледате убаво, научете неколку потези, кои треба да ви претставуваат рутина, а со кои успешно ќе ги прикриете акните и ќе изгледате како да имате порцелански тен.

Следново видео ќе ви помогне многу во тој правец:

Уште неколку совети:

 

  1. Пред да почнете да се шминкате, лицето исчистете го со топла вода за да се отворат порите. Потоа нанесете средство за чистење на лицето. Со кружни покрети на прстите лесно масирајте го лицето околу 1 минута, а потоа повторно измијте го со вода. На крајот два три пати исплакнете го лицето со студена вода за порите да се затворат.

 

  1. Нанесете тоник за чистење на лицето и тоа оној кој нема алкохол.

 

  1. Сега е време за хидратантен крем. Изберете крем без масло, и ставајте го во тенок слој со лесни покрети и масажа.

 

  1. На акните нанесете коректор и подлога. Запомнете дека четчињата се најдобри за нанесување на подлога на лицето со акни.
  2. Внимавајте во изборот на бојата на руменилото, зошто тоа може дополнително да ги истакне акните .

 

  1. Нашминкајте ги убаво очите. На тој начин погледот од акните го пренасочувате кон очите.

 

  1. Често менувајте го пешкирот, и чистете ги четките за шминка, зошто тие можат да бидат причинители за нови акни. Менувајте ја почесто и постелнината.

 

  1. Избирајте козметички производи кои немаат масло, алкохол и други состојки кои ја иритираат кожата.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement