• Сподели на:

Јапонска диета: Ослабете 8 килограми за 14 дена

___

Целта на јапонската диета е навистина да ги промените навиките во исхраната и да го забрзате метаболизмот во рок од две недели.

Во текот на овој временски период, забрането е конзумирање на шеќер, алкохол, купувани сокови и брашно, а солта е дозволена во мали количини.

Водата се препорачува неограничено, колку и да сакате, додавање на лимон во водата е исто така препорачливо, а процесот на слабеење значително ќе се забрза и секојдневната физичка активност од 30 минути.

Потрудете се да го пратите ова мени на јапонска диета и би требало за две недели да изгубите до 8 килограми.

Прв ден

Доручек: црно кафе

Ручек: две варени јајца, варена зелка зачинета со малку растително масло, чаша сок од домати без сол.

Вечера: риба на скара или варена.

Втор ден

Доручек: црно кафе, парче црн леб

Ручек: риба на скара или варена, салата од зеленчук или зелка со малку растително масло

Вечера: 200 грама варено говедско, чаша јогурт.

Трет ден

Доручек: црно кафе, двопек од црн леб

Ручек: голема печена тиквица, две јаболки

Вечера: две варени јајца, 200 грама варено говедско, салата од свежа зелка со малку растително масло.

Четврти ден

Доручек: црно кафе

Ручек: едно јајце, три големи варени моркови, 15 грама тврдо сирење.

Вечера: овошје

Петти ден

Доручек: свеж морков со сок од лимон.

Ручек: риба на скара или варена, чаша сок од домати без сол

Вечера: овошје

Шести ден

Доручек: црно кафе

Ручек: половина варено пиле, варена зелка или морков со малку растително масло

Вечера: две варени јајца, салата од зеленчук

Седми ден

Доручек: чај без шеќер

Ручек: 200 грама варено говедско, овошје

Вечера: изберете вечера од било кој ден, освен третиот

Следните Седум дена повторете го ова мени од првиот до последниот ден.

 


Оставете коментар

___