Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

10 начини да се разбудите прекрасни (втор дел)

6. Негувајте ја вашата коса додека спиете

Еднаш неделно пред да си легнете нанесете на вашата коса регенератор за длабинска или нега преку ноќ. На овој начин ќе ги стимулирате фоликулите обезбедувајќи им доволно кислород, морски гликоген и кофеин, со што ќе го поттикнете растот и ќе имате погуста и побујна коса.

Woman's hair with conditioner

7. Разбудете се со сјајна кожа

Измешајте мала количина од кремот за самопотемнување со вашата ноќна крема или користете крем што веќе содржи малку пигмент. Ова е најдобро да го правите еден час пред да си легнете, за да бидете сигурни дека нема да се размачка додека спиете.

slika 7

8. Спијте на сатен

За да го намалите ефектот на замрсена коса наутро, спијте на сатенска навлака или врзете свилена марама околу вашата коса. На овој начин помали се шансите наутро да се мачите со отплеткување на прамените бидејќи се работи за многу помек материјал отколку памукот.

slika 8

9. Спијте со шминка на лицето

Убаво прочитавте. Некои производители нудат линии за обнова на кожата кои во основа претставуваат подлога за шминка што ви нуди третман со минерали и витамини. На овој начин на кожата ѝ овозможувате да се регенерира, се борите против брчките и ги намалувате порите. Затоа и ова е шминката со која буквално вреди да си легнете.

slika 9

10. Негувајте ги трепките

Денес на пазарот постојат производи кои прават вашите трепки да изгледаат подолги и погусти, па затоа се одличен избор за третман пред легнување.

slika 10

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Човечкото тело е изложено на оксидативен стрес секој ден – процес во кој се создаваат вишок слободни радикали кои можат да ги оштетат клетките...

Four Seasons

Многумина кои размислуваат да се преселат во странство сега имаат одговор на прашањето кои земји се најбараните во светот за 2025 година. Луѓето сè...

Green Tea

Повторното користење на тегли и садови не е само практично, туку и еколошки и економично. Меѓутоа, ако остане леплив остаток, теглите изгледаат неуредно и...

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

Advertisement