Пикап верзијата на ID.Buzz неодоливо потсетува на модел од минатото на VW. Во слична верзија е произведено и легендарното комбе Т2.
Volkswagen ја патентира пикап верзијата на својот модел ID.Buzz, мало комбе кое со својот ретро изглед доста потсетува на легендарните комбиња T1 и T2. ID Buzz е вистински продажен хит досега, а очигледно е дека Volkswagen остава простор со својот патент да ја искористи оваа популарност за нова форма на каросерија која би можела да биде хит во САД.
Сликата прикачена на патентот изгледа исто како онаа што VW ја објави на својата страница на Твитер на 27 април по повод Светскиот ден на дизајнот.
Today is World #DesignDay🌍
— Volkswagen Group (@VWGroup) April 27, 2022
On the way from an idea to production, there are a lot of unseen design drafts made – like this one:
An #IDBuzz pick-up!
What do you think about it?
😍 = Love it!
🙈 = Good that it was just an idea… pic.twitter.com/ZFFfnlPWnX
Иако патентот не е доказ дека автомобилот дефинитивно ќе влезе во производство, јасно е дека VW размислува за тоа и се штити од некој друг да го преработи неговиот автомобил и на тој начин да заработи добри пари. Исто така, во минатото VW срамежливо најавуваше дека се заинтересирани за електричен пикап и дека размислуваат за производство на таков автомобил, но тоа не е поврзано со ID.Buzz.
Пикап верзијата на ID.Buzz неодоливо потсетува на модел од минатото на VW. Легендарното комбе Т2 е произведено во слична верзија во која задниот дел од кабината е заменет со товарен простор.

Сепак, тој автомобил немаше амбиции да биде класичен пикап, туку обично комерцијално комбе со отворен товарен простор.
Доколку оживее пикап верзијата на моделот ID.Buzz, најверојатно ќе го има истиот погон како класичниот модел, што значи батерија од 77 kWh и мотор од 204 КС.
